Вести Македонија

Вознемирувачко: Каде ги убиваат коњите во скопската зоолошка- две животни го преживеаа масакрот

Исечени бутови од коњи, нафрлано месо на куп, потоци од крв низ дворот на импровизираната кланица во скопската зоолошка градина, ова се гледа на фотографиите кои ги доби Телма од хорор локацијата во скопската Зоолошка градина.

Од целата ситуација има и една добра вест која се гледа на фотографија, еден коњ го преживеал масакрот на животните среде ЗОО паркот кој служи за едукација и забава на најмладите. АХВ подоцна соопшти дека две животни биле затекнати живи.

Месото е наредено и нафрлано во несоодветни простории кои не се санитарно подготвени за вакви нехумани потфати. На фотографиите се гледа и алат со кој „касапите“ од зоолошка се служеле за да ги убијат и расечат коњите.

(дел од вознемирувачките фотографии се замаглени)

Оправдувањето на веќе сменетиот директор беше дека коњите биле болни и требало да послужат за храна на лавовите. Но сето тоа се правело надвор од сите можни процедури, а дополнително обвинувачки е фактот што месо од болни животни кое треба да се уништи било планирано за храна на жители во зоолошката.

6-мина меѓу кои и директорот Кристијан Стаменов се приведени или повикани во полиција која им подготвува кривични пријави.

-Утврдено е дека во објект кланица со комора во зоолошката градина, кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, заклани се десет копитари, без соодветна документација, односно со непознат здравствен статус, неидентификувани и нерегистрирани и без соодветен документ за движење, иако истите на зоолошката градина и се отстапени на чување во соодветни услови од страна на Управата за извршување на санкции при КПУ- КПД Идризово, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство-АХВ.

Во депото, биле затекнати и две живи животни, а во фрижидерите во склоп на кланичниот објект најдени се мрши од закланите животни во вкупна количина од 1.286 килограми и 100 замрзнати пилиња.

– Бидејќи месото од закланите копитари потекнува од неидентификувани и нерегистрирани животни со непознат здравствен статус кои се заклани во неодобрен објект, Агенцијата за храна и ветеринарство издаде Решение и нареди нештетно уништување на небезбедното месо на депонијата Дрисла, информираат од АХВ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната влезе во завршната декларација на Парламентарно собрание на земји од Југоисточна Европа 

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 25.6.2026

meteo

ЕУ со напредок кон воведувањето на дигиталното евро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе