Македонската женска тениска репрезентација се пласираше во финалето на третата група од Били Џин Кинг купот што се одржува во Скопје.
Нашите тенисерки денеска во полуфиналето експресно успеа да слави во соочувањето со Косово.
Репрезентативките на Македонија за неполни два часа забележаа убедливи победи и поради водството од 2:0 селекторите се договорија мечот во двојки да не се игра.
Прва на теренот се појави Магдалена Стоилковска која за само 47 минути со 6:0 и 6:1 триумфираше над Доника Башота.
Нешто посилен отпор пружи Адријана Лекај која нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорчевска на централниот терен ја задржа 72 минути, но македонскиот прв рекет забележа победа со 6:2 и 6:2 и на нашата селекција и го донесе решавачкиот поен за триумф.
ФОТО Игор Паневски
