Вести Економија Најважни

ЕСМ: Понудената цена од 48e/MWh е резултата на зголемени напори и е со цел да не влијае значајно на крајната цена за граѓаните

Од 2019г АД ЕСМ е гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија во услови на либерализација. Иако законот ни дава можност да испорачуваме енергија од само 60% од потребите на ЕВН Хоме, а другите количини да ги продаваме на слободниот пазар и дополнително да заработуваме, АД ЕСМ повторно ќе испорача 100% за потребите на граѓаните и малите потрошувачи.

Што се однесува до цената, АД ЕСМ понуди пониска цена, од 48 евра за мегаватчас, затоа што со ваква цена ќе има само благо покачување на крајната цена за граѓаните. ЕСМ учествува со околу 32% во цената за крајните потрошувачи, соопштуваат од компанијата.

  • Цената што ја понудивме е резултат на зголемениот ангажман на вработените, кои со натчовечки напори и деноноќно ангажирање обезбедуваат електрична енергија за граѓаните и фирмите во овие исклучително тешки услови, особено кога има недостаток на мазут и природен гас во Јужна Европа. Резултат е и на оптимизирање на производството, зголемување на производството и намалување на зависноста од набавка на електрична енергија, навремено и квалитетно менаџирање на состојбите, намалување на непродуктивните трошоци, намалување на вкупните трошоци за 15% и во првите 5 месеци од годината заштедени се речиси 50 милиони евра. Така ќе се продолжи и во втората половина од годината- АД Електрани на Северна Македонија.

Во услови кога цените се драстично зголемени и има недостиг на енергенси, правиме натчовечки напори да се обезбедат дволни количини на јаглен и да се зголеми ископот за зголемено производство на електрична енергија во РЕК Битола и РЕК Осломеј, додека хидропоренцијалот, поради неповолната хидрологија, се чува за баласирање и системски услови, заради стабилно снабдување, соопштуваат од команијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе