Вести Економија Македонија

Изградбата на новиот експресен пат Штип-Кочани ќе ги остави пусти нивите од неколку села во кочанско

Над 200 хектари лозово и овошни насади, ниви со пченица, пченка и ориз остануваат непристапни за земјоделците од неколку кочански села. Тврдат дека со изградбата на експресниот пат Штип – Кочани институциите и проектантите не предвиделе премини преку кои би пристигнале до своите ниви од кои егзистираат. Латинка Апостолова има над 10 хектари со лешници и инвестиција како што велиод 300.000 евра.

Експресниот пат кој е во изградба го преминуваат преку импровизиран премин врз коловозот, но за кратко време ќе биде затворен, а сите локални патишта кои водат кон полето ќе бидат блокирани. Големата земјоделска механизација во текот на есенските месеци нема да може да пристигни до нивите и го собере родот.

На само 50 метри од преминот на новата делница е изграден подвозник, но наместо да биде асфалтиран и прооден за земјоделска механизација, во него е ископан канал за атмосферски води. Земјоделците барале овој премин да биде прилагоден за поминување на возила, трактори и комабјни до нивите. Алармирале за овој проблем од Јавното претпријатие за државји патишта добиле уверување дека ќе се интервенира, но како што тврдат по изминати 9 месеци проблемот не е решен.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе