Не бараме помош, не бараме субвенции, бараме изедначување на условите за стопанисување порачаа производителите на месо и побараа итна средба со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за да ги образложат своите барања. Во спротивно доколку не се продолжи мерката за укинување на царина при увоз на замрзнато свинско месо наменето за преработка и исти услови како производителите од соседството и Европа следува ценовен шок, порачаа тие.
Во спротивно на краток рок, две до три недели во зависност од тековните залихи на компаниите прво следи нов ценовен шок минимум 20 до 30% зголемување на цените на месните преработки од свинско месо пред се, второ намалување на бројот на вработените исто така за 20 до 30% зависно од компаниите. Зголемување на долг рок ќе следи, зголемување на увозот и престанок на работа на некои од месопреработувачките капацитети, вели Гоце Трајчев, Претседател на Групација на производители на месо и преработки од месо.
За македонската преработувачка индустрија и за конзервирање на месо важно е да се истакне дека нашите компании имаат ограничен пристап и до странските пазари, рече Ристовски.
Според регулативата на ЕУ, а со цел да се заштити заедничкиот европски пазар постои ограничување за трговија со живи свињи како и со свежо и замрзнато свинско месо од трети земји од членки на ЕУ. Не само што не можеме да извезуваме, туку не можеме ни да трансферираме преку земјите на Унијата, изјави Васко Ристовски, Стопанска комора на Северна Македонија.
Домашните производители на преработки се соочуваат и со ограничување на пласман на своите производи на странските пазари, соочување со нелојална конкуранција на нерегистрирани производители, компании од странски држави, поточно силна конкуренција од увоз, велат од Групацијата на месопреработувачи и месни индустрии.
Нина Стефанова
