Спорт Фудбал

Милевски: На утрешниот меч Македонија ќе се прашува за конечниот исход

Македонската фудбалска репрезентација утре од 20:45 часот во Скопје против селекцијата на Грузија го игра третиот натпревар од новиот циклус во Лигата на нации.

“Секако дека го гледав мечот на Грузија со Бугарија. Се работи за одличен тим со одлични индивидуалци. Одиграа одлично против Бугарија, но секој меч е приказна за себе. Тој натпревар во Грузија нема никаква конекција со овој сега, и не би се навраќал на тоа. Има разлика од тогаш, затоа што имаат нов селектор и нова филозофија. Начинот на кој играат е различен. Не гледам некоја поврзаност и сличност.  Квалитетот како поединечен, така и на тимот е голем. Ако им дозволиме, може да не нападнат. На утрешниот меч ќе се прашува и Македонија за крајниот исход. Индивидуалците се важни, но на крај ова е тимска игра и на крајот тимот победува или губи”, изјави селекторот Благоја Милевски.

Предводникот на националниот тим ги повика навивачите да дојдат во голем број и да им дадат поддршка на фудбалерите да се стигне до посакуваниот триумф.

“Посакувам исполнет стадион и тоа би бил дополнителен стимул за нас да ја почувствуваме домашната публика. Поддршката е потребна. Победата на Грузија со Бугарија може, но и не мора да значи ништо. Важно ќе биде како ние ќе одиграме”, рече Милевски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе