Македонската фудбалска репрезентација утре од 20:45 часот во Скопје против селекцијата на Грузија го игра третиот натпревар од новиот циклус во Лигата на нации.
“Секако дека го гледав мечот на Грузија со Бугарија. Се работи за одличен тим со одлични индивидуалци. Одиграа одлично против Бугарија, но секој меч е приказна за себе. Тој натпревар во Грузија нема никаква конекција со овој сега, и не би се навраќал на тоа. Има разлика од тогаш, затоа што имаат нов селектор и нова филозофија. Начинот на кој играат е различен. Не гледам некоја поврзаност и сличност. Квалитетот како поединечен, така и на тимот е голем. Ако им дозволиме, може да не нападнат. На утрешниот меч ќе се прашува и Македонија за крајниот исход. Индивидуалците се важни, но на крај ова е тимска игра и на крајот тимот победува или губи”, изјави селекторот Благоја Милевски.

Предводникот на националниот тим ги повика навивачите да дојдат во голем број и да им дадат поддршка на фудбалерите да се стигне до посакуваниот триумф.
“Посакувам исполнет стадион и тоа би бил дополнителен стимул за нас да ја почувствуваме домашната публика. Поддршката е потребна. Победата на Грузија со Бугарија може, но и не мора да значи ништо. Важно ќе биде како ние ќе одиграме”, рече Милевски.
ФОТО: Игор Паневски
