Вести Македонија

Зголемен бројот на заболени во градовите каде немаше болни од КОВИД 19

Тивки ќе останат годинава плоштадите во источна Македонија за време на празникот Успение на Пресвета Богородица, која е и заштитничка на македонските  рудари. Скромно и само со свечени академии ќе се одбележи празникот. Причината е забразаното ширење на коронавирусот. Берово, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и  Пробиштип  кои до пред еден месец успешно се справуваа со пандемијата сега се соочуваат со нови позитивни случаи, а голема е и бројката на лицата кои се во изолација. Во туристичко Берово вирусот се шири по олабавувањето на граѓаните и туристите за време и околу Илинден. Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски за Телма вели дека денеска ќе се тестираат голем број на граѓани, дел преку Центарот за јавно здравје, а поголем дел преку приватна лабараторија, тимот брисевите ќе ги зема во Берово, за да граѓаните не патуваат во Скопје.

  • Угостителските објекти работат, деновиве намален е бројот на гостите, бидејќи луѓето се плашат од коронавирусот. Како локална власт презедовме и мерки вирусот да не влезе во Домот за стари лица. Нема посети и не се примаат нови станари. Градоначалник на Берово, Звонко Пекевски

Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменковска, која е и здравствен работник порача дека поради пандемијата и зголемениот број на случаи во источниот регион, годинава за Денот на рударите ќе изостанат сите големи и масовни собири.

  • Во интерес на зачување на личното здравје и јавното здравје во заедницата, ве известувам дека Каменичко културно лето нема да се одржи. Сите планирани активности во рамките на оваа традиционална манифестација се откажани. Градоначалник на Македонска Каменица, Соња Стаменковска

Градовите од источниот регион секојдневно се во здравствениот билтен, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе