Македонија Топ вести

Усвоени протоколите за старт на учебната година

Со маски на лицието , на дистанца, поделени во групи со скратени часови- вакви се протоколите кои ги изработија здравствените власти за основците од прво до трето одд – а денеска добија зелено светло на владината седница.

А, манадатарот Зоран Заев изјави дека учебната година најверојатно ќе почне на 1 октомври.  Претходно, пак доскорешниот министерот за образование Арбр Адеми кажа дека 15 сепемтември е датумот кога ќе старува школската година.

Но, за да може да се организира новата учебна година во ек на ковид пандемија потребни се законски измени на законот за средно и оној за основно образование, затоа што со нив се одредува колку ќе траат часовите, дистанца помеѓу клупите во една училна, старт на учебната година онлајн. Од МОН за Телма велат дека законските измени се уште не се поминати на Влада и дека се усогласуваат со владиниот секретаријат за законодавство.

За сега познато е само дека основците од четврто до деветто оделние ќе следат онлајн настава, а најмладите ќе седнат во училишните клупи.  Сепак, надлежните уште еднаш повторија дека повторија надлежните се  зависи од епидемиолошката состојба.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе