Вести Македонија

ФОТО: Членови на СОНК протестираат пред СОНК поради информации за прекинат штрајк по 12% договорено покачување

­Околу 300 членови на СОНК се собрани пред седиштето на Синдикатот, изманипулирани од текстови во некои медиуми кои од сношти пренесуваат дека раководството прифатило зголемување на платите за 12% и дека штрајкот дефинитивно завршува со денешниот ден.

Како што известува новинарот на Телма Сотир Трајков, тие очекуваат да излезе некој од раководството на СОНК да излезе и да им каже што е точно. Тие не даваат изјави.

Вчера лидерот на СОНК по средбата со претставнициод Владата кажа дека се очекува штрајкот да заврши, но дека за тоа Советот на СОНК треба да донесе одлука. Советот е закажан во 16 часот.

Сотир Трајков

Синдикалците кои протестираат пред СОНК се од Аеродром и Кисела Вода-незадоволни се од најавите за договор без нивна потврда

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма сторија – Отворени истраги и активни судења за сообраќајни незгоди

Tea Dimkovska

Од пожар до свлечиште: Колку се безбедни градилиштата во Скопје?

Tea Dimkovska

Над 13 милиони евра заработка од приватно сместување – УЈП наплатила повеќе од милион евра данок

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе