Бизнис секторот се надева на помош од новиот заем кој земјава го договара со меѓународните институции. Потребни се најмалку 600 милиони евра. Министерот за финансии Бесими од пролетните средби во Вашингтон посочи дека се преговара за заем со пониска камата, од онаа на евробврзницата. Планот е средствта да се насочат кај граѓаните и стопанството. Бизнисмените велат дека им се неопходни свежи пари за да ја подобрат ликвидноста.
Компаниите имаат проблем со ликвидноста. Ние сметаме дека тие треба да се искористат во грантовата шема за поддршка на земјоделието. Сега кризата ни наметна дека ќе мора да се насочиме и во тој дел, за воведување на нови технологии за паралелно да извезуваме надвор за економијата да се движи и дефинитивно во енергетиката за компаниите да можат да ги намалат трошоците,вели Дрилон Исени, извршен директор на северозападна комора
Се надеваат дека парите ќе бидат паметно искористено, а не за гаснење на социјални пожари.
-До сега се покажало дека парите се трошеле за социјални аспекти. Ако не се искористат паметно само ќе се задолжиме дополнително, а нема да ги решаваме деловните проблеми, додава Исени.
И поранешниот гувернер Петар Гошев за Телма изјави дека ќе биде најлошо ако парите од меѓународните институции се потрошат за тековни трошоци. Неговите претпоставки се дека дел ќе бидат за покривање на дефицитот и за враќање на стари долгови.
Каматната стапка на заемот е 1 отсто, додека на еврообврзницата за нашата земјав се движи помеѓу 4,5 до 5,5 отсто. Но, дали земјава ги исполнува условите за да го добие заемот, ММФ тоа допрва ќе го утврдува.
Не само земјава туку и цела Европа доживеа сериозен удар поради енергетската, а сега и воената криза. Поради глобалните текови и НБРМ и меѓународните институции ја ревидираа и стапката на раст за домашната економија од 4,2 на 3,2 проценти за годинава и 2,7 отсто за наредната година.
Ирена Чачкова
