Вести Македонија Најважни

Мухамед Зекири доби 30 дневен притвор поради сомнеж од бегство

Со еден ден истрага обвинителството за организиран криминал побара и доби 30 дневен притвор за, сега веќе бившиот, генерален секретар на владата, Мухамед Зекири, осомничен за злоупотреба на службената положба со склучување договор за консултатски услуги, во четири очи, без тендер, во име на владата, со компанијата „Интерхолдинг ДОО“, на која по тој основ и биле исплатени 57 милиони денари, односно околу 900.000 евра. Мерката притовор била побарана поради сомнеж на обвiнителството за бегство на Зекири.

„- Имате ли докази дека тој планира бегство?

 

Во овој момент доказ, ако мислите во некоја формална смисла, не.

 

– А сомнеж?

 

Сомнеж, да“, одговори синоќа обвинителката Коларевиќ.

Но обезбедувањето на Зекири од страна на Судот уследи по речиси 24 часа откако обивнителството го поднело барањето за тоа. Коларевиќ синоќа немаше објаснување зошто судот толку чекал за да постапи по барањето на обвинителството во случајот на Зекири.

„Ние вчера, мислам дека околу 15.00 часот или 15.30, предлогот го поднесовме до судот. Од тој момент до денеска не бевме информирани. Во текот на денешниот ден, од страна на судот, бевме известени дека се испратени наредби за приведување на осомничениот и сега вечерва бевме повикани да дојдеме.

 

– Мислите дека имал време да влијае?

 

Тоа не можам да го кажам“, одговори обвинителката Коларевиќ.

И ако истрагата по неколкумесечна предистражна постапка ги лоцирала осомничените за злоупотребата на буџетски средства, засега не успела да лоцира каде се парите. Освен што без тендер биле договорени консултантските услуги во висина од 795.000 евра, на компанијата „Интерхолдинг“ и биле исплатени и околу 145.000 илјади евра повеќе од договореното.

„- Дали парите се потрошени, дали тоа може да ни го кажете?

 

Не можам да кажам.

 

– Или излегле од државата?

Ниту тоа не можеме. Си има Управа за финансиско разузнавање која што пробува да го утврди трагот како се движеле парите. Кога ќе имаме некој конкретен доказ ќе ве информираме“, рече обвинителката Коларевиќ.

Од Управата за финансиско разузнавање за Телма денеска потврдија дека работат на случајот по насоки на Обинвителството, но без изнесување повеќе детали.

Но освен парите, ги нема и двајцата хрватски државјани поврзани со компанијата „Интерхолдинг ДОО“ осомничени за соучесништво. Сознанијата на  обвинителството се дека тие ја напуштиле земјава и ќе се бараат со потерница или доколку се лоцираат во Хрватска со доставување на докази до хрватските служби за постапување по случајот.

Инаку компанијата „Интерхолдинг ДОО“ е основана минатата година во април, само еден месец пред да и биде извршена првата од седумте уплата од страна на владата за консултантски услуги. Зад македонската „Интерхолдинг“ стои хрватската компанија „Интерфајнанс ДОО“ чиј сопственик е Денис Фудуриќ.

И додека досегашниот ген-сек на владата Зекири чека истрагата да докаже дали ја злоупотребил положбата и го оштетил буџетот на држвата, двајцата негови пртетходници на таа функција, Драги Рашковски и Кирил Божиновски, се соочуваат со докази во судска постапка. Рашковски за злоупотреба на служебната положба и набавка на софтвер за сообракајни прекршоци спротивно на законот за јавни набавки со што го оштетил буџетото за 300.000 евра, а Божиновски веќе неколку години пред судот се обидува да се одбрани од обвинението кое го товари за злосторничко здружување и изборни измами во случајот „Титаник“.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Размена на оган во јужен Либан и покрај примирјето меѓу Израел и Хезболах

Дејан Дејан

Пожар во хотел во Доминиканската Република, евакуирани речиси 1.700 туристи

Дејан Дејан

Расте бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе