Вести Македонија Најважни Спорт

Бројни шпекулации за смртта на хрватскиот ракометар, причината се` уште непозната

Повикот во 4 часот утринава до Брзата помош, со ништо не навестувал дека само неколку часа подоцна,ракометниот  свет ќе остане без уште еден млад живот. Повикот бил од пред ноќен клуб во  градскиот парк. Лекарите кои пристигнале на местото, нашле млад човек во бессознание и со ниска сатурација. По телото немал видливи траги на насилство. 27 годишниот ракометар Денис Тот е префрлен на Клиничкиот центар, каде претпладнево почина.

Директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова  е цел ден недостапна за Телма. Но, за дел од интернет порталите изјави дека, кај нив бил донесен без срцева акција, која накратко била вратена по реанимациите, но состојбата и понатаму му била критична, по што починал.Телото е предадено на судска медицина, а првичните анализи на крвта покажале дека нема активни супстанции.

Во медиумите доцна синоќа беше објавена информација дека Тот бил физички нападнат и имал тешки повреди од тепање. Хрватските медиуми дури пишуваа и дека снимките од клубот биле избришани, за да се сокрие инцидентот, но и од полицијата тврдат дека немал траги на насилство. Ги проверуваат дополнителните информации за местото каде бил и од каде е донесен со Брза помош.

Во Скопје допатувале и родителите на Тот, а потресени се и неговите сонародници ракометари кои играат за скопските клубови.

Во очекување на вистинската причина за смртта, не престануваат шпекулациите, меѓу кои се и тие дека се работи за срцеви проблеми и дека најтешката повреда ја добил кога паднал на работ од плочникот.

Ракометарот Тот играше за ракометниот клуб Бутел. Пред нив, ги носеше и дресовите на Охрид, Бјеловар, Пореч, шпански Адемар Леон и австриски Брук.

Далиборка Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Од среда до крајот на август забрана за движење во шуми – глобите за непочитување од 1.500 до 2.000 евра

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе