По елиминацијата на Италија, фудбалската репрезентација на Македонија на дуелот против Португалија ќе се обиде да направи нова сензација и да обезбеди настап на Светскиот куп во Катар.
“Првото чудо се случи, сега ни треба и второ. Сега сме концентрирани на Португалија, иако сѐ уште работи адреналинот после тоа што се случи со Италија. Нешто неверојатно е да победиш европски првак, кој пред осум месеци ја освои титулата. Тоа е историја, зашто многу и поголеми селекции не успевале да победат во Италија. Стефан како капитен пред мечот одржа говор, не така емотивен како Пандев, потоа поискусните исто така зборуваа, а на крај памтам што ни кажа селекторот. Рече: Не се откажувајте каков и да е резултатот, не се предавајте и одиграјте ги најдобрите 90 минути”, изјави Тихомир Костадинов кој се враќа во националниот тим откако поради жолти картони го пропушти соочувањето со Италија.
ФОТО: Игор Паневски
