Вести Спорт Фудбал

Трајковски: Како да беше судено јас да дадам гол во Палермо

Александар Трајковски, кој го постигна голот за победа над Италија и пласман во финалето на баражот за Светското првенство во фудбал во Катар, изјави дека му било судено тој да даде гол во палермо, каде што помина 4 години од кариерата.

Очекував само да се завршат тие 90 минути, да одмориме па да видиме за понатака. Но, кога ја видов таа топка како доаѓа, едноставно, со последни сили успеав да шутнам. Целиот фокус го насочив во тој шут, и едноставно, не знам, како да беше судено дека морам да дадам гол на тој стадион, каде што поминав 4 убави години. Излезе се како што треба и се израдувавме сите, рече Трајковски.

Во вторник нѐ очекува Португалија на Драгао во Порто, и Трајковски порачува дека фокусот на репрезентативците е веќе насочен на тој историски натпревар.

Сега треба добро да се одмориме и да се подготвиме добро за следнито натпревар, затоа што мислам дека Португалците имаат доста индивидуалци, имаат одлични фудбалери, така што мораме добро да се подготвиме за тој натпревар и едноставно повторно да веруваме дека можеме да излеземе на тој терен и да покажеме дека можеме и со нив да се носиме. Знаеме дека ќе биде тешко, но фудбалот прави чуда, порача Трајковски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од ЗНАМ не го потврдуваат заминувањето на Филков од ресорот Правда

Дејан Дејан

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Протест на вработените во ГТЦ кои примаат минимална плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе