Ракомет Спорт

Металург не може да настапува во Супер лигата

По суспензијата што ја изрече Европската ракометна федерација, Металург нема право на настап и во домашното првенство.

Причина за суспензијата која за жал можеби и води кон згаснување на клубот кој своевремено беше меѓу најдобрите во земјава и на Стариот континент се неисплатени долгови кон тренери и ракометари.

Доколку не се најде решение во следните неколку недели тимот од Автокоманда се соочува со преселба најнискиот ранг на натпреварување во земјава, казна која следува поради три неодиграни натпревари во првенството.

Викендов, Металург требаше да го одигра дуелот против Вардар кој е одложен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе