Хулијан Алварез е нов фудбалер на Манчестер сити, потвртди англискиот шампион.
Голгетерот од Аргентина потпиша 5,5 годинешн договор со „граѓаните“, но ќе остане во редовите на својот клуб Ривер Плејт до завршувањето на актуелната сезона.
Алварез, кој има 22 години го чинеше Манчестер сити 17 милиони обештетување. На 96 натпревари во дресот на Ривер, напаѓачот има постигнато 36 голови. Веќе запиша и шест натпревари во дресот на сениорската репрезентација на Аргентина, но засега нема постигнато погодок.