Во пресрет на одигрувањето на големото финале, шведскиот репрезентативец Јим Готфридсон е прогласен за најкорисен играч на првенството.
Дваесет и девет годишниот член на Флензбург во досегашниот тек од натпреварувањето има учинок од 33 гола и 47 асистенции и е еден од најзаслужните за одличните резултати на шведската репрезентација.
Готфридсон беше прогласен за МВП и пред четири години во Хрватска и тој заедно со Ивано Балиќ и Никола Карабатиќ се единствени кои го освоиле ова престижно признание.