Ракомет Спорт

Тежок пат на ракометарите до нов настап на СП

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците кои треба да ги мине за да стигне до уште еден настап на големите натпреварувања.

Поради лошиот пласман на последното Европско првенство за да бидеме дел од Мундијалот кој следната година ќе се одржи во Полска и Шведска мораме да минеме две пречки.

Првата е селекцијата на Романија со која ќе се соочиме во првиот круг од баражот и доколку успееме да бидеме подобри во тој дуел следува мечот против репрезентацијата на Чешка.

Со Романците првиот натпревар го играме во Скопје на 14 март, а шест дена подоцна следува и реваншот на теренот на противникот.

Евентуалниот дуел со Чешка е на програмата на 11 и 17 април.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ивановски и Поп Арсова победници на Халк Еко Скопје трча 2024

Дејан Дејан

Македонија досега три пати победила со +8 во бараж за СП, а еднаш и поубедливо

Desk

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе