Економија

Дебата во Топ Тема: Дали е реално и одржливо зголемувањето на минималната плата?

Зголемувањето на минималната плата беше во центарот на дискусијата во вечерашната Топ Тема на Телма, откако Сојузот на синдикати на Македонија предупреди дека повика на штрајк доколку не биде постигнат договор со Владата.

Сојузот на синдикати на Македонија бара да се зголеми мининалната плата и скалесто сите плати согласно колективниот договор. Штрајкот е неопходно решение на ова што го бараме, а ние како сојуз првата наша заложба ни е зголемување на платите, за да можеме да преживееме во тековнито месец февруари кога ќе ни дојдат зголемени сметки за струја, топлинска енергија, деривати, вели претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Потпретседателката на Сојузот на стопански комори, Габриела Кулебанова вели дека ССК постојано подржува зголемување на платите, но тврди дека тоа не треба да биде политичка одлука, туку како последица на зголемената економска активност на бизнис секторот и зголемената продуктивност на работната сила.

Се дискутира во друга насока кога зборуваме за растот на минималната плата, тука се анализите и некои барања заедно со сопствениците за ова да биде одржливо и да не доведе до отпуштање на работници. Понатаму и да ја доведе во прашање ликвидноста, а ќе ја доведе ако тоа биде политичка одлука. Ние треба да ги разгледаме и следните мерки. Ние од први јануари имаме закон за недела неработен ден. Ние се прилагодивме и го подржавме тој закон, меѓутоа заедно со сите празници во моментов имаме 62 неработни денови, рече Кулебанова.

Таа вели дека иако ССК подржува зголемување на палтите, сепак нема да подржи зголемување на фиксна сума.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи го повтори ставот на владата, дека ќе има зголемување на минималната плата и тоа на најмалку 18.000 денари. Рече дека клучното барање на Сојузот на синдикати не е само зголемувањето на минималната палта, туку и зголемување на нејзиниот удел во просечната плата, а тој последниве 5 години постојано се зголемува.

Во декември 2016 уделот на минималната во просечната плата бил 38 посто, за да во декември 2021 уделот на минималната во просечна стане 52 посто. Ние велиме во 2022 ќе го има, и уделот на минималната во просечна, заедно со проекциите за раст на просечната плата оваа година, без вештачко зголемување, е 58 посто. Барањето на сидникатите е 60 посто. Ние велиме во нашата програма дека до 2024 година минималната палта има реална можност има да се зголеми до 20 посто а просечанта до 34.000, што ќе значи 58 или 59 проценти удел, што е само еден процент помалку од тоа што го бара сидникатот, рече Битиќи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НБРМ: На крајот на март надворешниот долг бележи квартално зголемување од 4,8%

Дејан Дејан

ЕУ со напредок кон воведувањето на дигиталното евро

Дејан Дејан

Буџетскиот дефицит се зголемува за 110 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе