Спорт Фудбал

Сенегал и Мароко фаворити за четврт-финале

На Купот на Африкански нации денеска се играат уште два осминафинални натпревари.

Репрезентацијата на Сенегал е фаворит во соочувањето со Зеленортската Република. Сенегалците на патот до осминафиналето забележаа само една победа и во досегашниот тек од турнирот постигнаа само еден погодок што беше доволно да се најдат меѓу шеснаесетте најдобри на турнирот.

И покрај фактот што составот предводен од Садио Мане не импресионираше во претходните натпревари сепак Сенегал е фаворит во соочувањето со денешниот противник, кој се уште нема победа во елиминациската фаза од Купот на Африка.

Во вториот дуел Мароко и покрај проблемите со составувањето на тимот успеа да стигне до осминафиналето со две победи и еден нерешен резултат, а клучен беше триумфот на директниот конкурент Гана.

Мечот меѓу Сенегал и Зеленортската Република почнува во 17 часот, а за 20 закажан е почетокот на дуелот Мароко – Малави.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

Sportska Redakcija

Историска вечер за Модриќ – 200 натпревари во дресот на Хрватска

Sportska Redakcija

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе