Вести Економија Македонија

Ново поскапување на цената на горивата

Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, а бензините поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и  Екстра лесното  масло за горење (ЕЛ-1) по 67,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,514 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,724 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 2,051 отсто и кај дизелот за 4,978 отсто, како и  за 0,101 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

  Стари цени Нови цени
  Од 04.01.2022 Од 11.01.2022
     
Дериват ден/лит ден/лит
     
ЕУРОСУПЕР БС  – 95 75,00 75,50
ЕУРОСУПЕР БС  – 98 77,00 77,50
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V) 65,50 67,50
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 65,50 67,50
БИОДИЗЕЛ Б6 БС 66,50 68,50
     
МЕТАН 110,00 ден/кг 110,00 ден/кг
АВТОПЛИН 42,50 ден/кг 42,50 ден/кг
МАЗУТ 40,210 ден/кг 41,724 ден/кг
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе