Вести Економија Свет

Грчката влада ќе одвои 400 милиони евра за јануари за да го покрие покачувањето на струјата

За месец јануари ќе се издвојат дополнителни 400 милиони евра со кои ќе се покрие значителен дел од поскапувањата на сметките за струја, соопшти денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, најавувајќи владина помош и за овој месец како за домаќинствата и земјоделците, така и за бизнисите во справувањето со енергетската криза.

– Станува збор за храбар, но во исто време и реален план за поддршка, што помага на сегашноста, но не ја загрозува иднината. Акцентот, очигледно е на олеснувањето на домаќинствата. Но, исто така, им помагаме и на бизнисите да останат на вистинскиот пат на раст, задржувајќи ги работните места. И, главно, за да не се зголемат трошоците за производство и тоа да се префрли на цените на производите, истакна Мицотакис.

Дополнително, најави дека ќе се воведе и нова програма за заштеда на енергија, ќе се субвенционира замената на старите електрични уреди, кои потоа ќе се рециклираат и додаде дека целта е „сите грчки домови да функционираат со модерна и поекономична електрична опрема“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе