Во Собранието беше изгласан анекс на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, со што се продолжува рокот за завршување на овој проект. Односно автопатот треба да биде завршен до крајот на 2023 година.
Со овој анекс не се предвидени нови пари, туку само е продожен рокот на изградба.
Пратениците од владејачкото мнозиство дадоа зелено светло, додека од опозицијата воопшто не гласаа.
Со претходните анекси беше предвидено пак да се стават сите делници што претходно не беа проектирани, односно 9 нови клучки и нов тунел.