Вести Економија

Ковачевски: Има доволно струја за домаќинствата, цената останува иста

Производството на електрична енергија за домаќинствата е стабилно, а цената на струјата за домаќинствата нема да се менува. Акционерското друштво „Електрани на Северна Македонија“ го засили ископот на јаглен во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, заради стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и го оптимизира производството во хидроелектраните, гасната и ветерната електрана, изјави директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ковачевски најави склучување на договор за набавка на јаглен за РЕК „Осломеј“ за негова континуирана работа од декември до април 2022 година. Додека за РЕК „Битола“, тој информираше дека повторно е распишан повик, со цел да се добие поголемо количество на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост.

– Истовремено, се прават координации со ТЕЦ „Неготино“ за започнување со работа на оваа термоелектрана и доколку се обезбеди мазут, истата ќе се стави во функција, вели Ковачевски, додавајќи дека електрична енергија за домаќинствата има доволно и дека цената останува иста.

Тој појасни дека поради високите цени на берзите во регионот и во Европа, набавката на јаглен ја спроведуваат по препорака на Владата, во соработка со Стопанската комора,  на отворен пазар. Набавката е наменета за стопанството и институциите, со цел тие да се снабдат со електрична енергија по пониски цени од моменталните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе