Економија Најважни

Трошоците на живот во септември повисоки за 3,7 %, цените на мало за 5,6 %

Додека властите и бизнисот смислуваат мерки како да го ублажат ценовниот шок по џебот на граѓаните, инфлацијата и цените  одат на горе. Статистика измери дека во минатиот месец во однос на септември лани индексот на трошоците за живот е зголемен за 3,7 проценти, а на цените на мало за 5,6 проценти. Ова е најголем раст годинава, откако трошоците за живот и цените на мало од пролетта, а особено летово почнаа нагло да одат на горе. Според статистика минатиот месец животот на граѓаните бил поскап во однос на септември лани.  Плаќале поскапа храна за 4,2 проценти, масла и масти за 26,7, зеленчук за 17,6 проценти. Трошоците за гас и горива за 24, а за транспорт за 15,7 проценти.

За премиерот Заев нема место за паника, проблемот е глобален но владата е тука. Вели ако има потреба ќе се интервенира и со стоковите резерви.

Како што најавија неколку министри, Владата исто така со државните резерви секој пат е спремна да интервенира ако видиме некој циклус да покажува пикови кое што би имало рефлексија врз целокупната економија и врз центе на одредени базични производи. Овде зборувам за зејтин, за брашно, за млеко, за јајца за сето она што претставува дел од потрошувачката кошничка, изјави заев.

Министерот за економија Бектеши пак смета дека земјава не доцни со мерките. Најави замрзнување на цените на основните прехрамбени продукти, но ако има потреба..

Но треба јавноста да биде информирана правилно дека не се зборува за 50 % зголемување на цените. Моментално ние ги следиме. Ако во случај, се случува да има такво зголемување секако дека ние директно ќе интервенираме, тврди бектеши.

Бизнисот пак е сигурен дека раст на цените ќе има. Од Сојузот на стопански комори велат дека замрзнување на цените е непопуларна мерка и треба да се употреби само ако е нужно потребна да не се одврти инфлаторната спирала.

Сите овие влезни импути кои што влијаат на крајната цена на производот во земјоделието и во прехраната неминовно ќе доведе до покачување на цените. Пред да дојдам во емисија контактирав и со нашата трговска комора за да видам како е во велепродајните објекти што работат. Значи сите и кај нас домашните производители и надворешни добавувачи веќе имаат нови ценовници за покачување на цените. Што значи дека сигурно ќе имаме покачување на цените во наредниот период, вели претседателот на ССК Драги Митковски.

Статистика измери дека инфлацијата за девет месеци годинава во однос на истиот период лани е 2,8 проценти. Дека ќе има уште една нагорна корекција на стапката на инфлација  вчера потврди и Народната банка, откако еднаш ја зголеми од 1,5 на 2,2 проценти прогнозата за годинава.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

Васил Јованов призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна од 20 години – пресудата на 13 мај

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе