Економија Топ вести

Државните електрани ќе го засилат домашното производство на електрична енергија

АД ЕСМ максимално ќе го интензивира ископот на јаглен од сопствените рудници во РЕК Битола и Осломеј, а исто така веќе е објавен меѓународен тендер за набавка на јаглен, со што ќе го зголеми домашното производство на електрична енергија. Ова, како што рече генераланиот директор Васко Ковачевски, е поисплатливо, отколку набавката на скапа струја на берзата каде цените вртоглаво растат, а само за неколку месеци се неколкукратно зголемени.

Целта е да се стабилизира електроенергетскиот сиситем и да се  намали ценовниот шок врз стопанството, откако Стопанската комора побара поддршка од државата, додека состојбата во домаќинствата засега е стабилна.

Дополнителната електрична енергија која ќе ја произведеме од јагленот кој ќе го набавиме, ќе ја понудиме на стопанските субјекти по цени повисоки од таа по која ја продаваме на ЕВН Хоум за домаќинствата. Со тоа ќе оствариме приход како компанија и држава, а ќе го стабилизираме и ценовниот шок на кој сега се изложени и уште повеќе ќе бидат стопанаството, но и институциите кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар, рече Ковачевски.

Причини  за ваквиот скок на цената на струјата на берзата има повеќе, а Ковачевски вели дека цените ќе растата и во наредниот период.

За зголемување на цената на берзата има повеќе факторти, се затвораат термоелектраните на јаглен во Европа, се преминува на производство на електрична енергија на обновливи извори на енергија, кои се значително поскапи, се уште нефункционалноста на гасоводните системи, но исто така и зголемување на цените на производите, ресурсите, рече Ковачевски.

Но, антикорупциска ќе проверува дали тендерот за набавка на јаглен за производство на струја е спротивен на одредебите во Изборниот закони, дали набавката е предвидена со годишниот план на компанијата, односно дали има корупција и судир на интереси затоа што се спроведува во предизборие.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе