Спорт

Бах подготвен за нов мандат

Првиот човек на Олимпиското движење, Томас Бах на почетокот од Генералното собрание најави дека е подготвен за уште еден мандат на претседателската функција.

За прв пат во историјата собранието се одржува по пат на видео конференциска врска, а во своето воведно обраќање Бах изјави дека е подготвен да остане на чело на Интернационалниот олимписки комитет каде се наоѓа веќе седум години, наследувајќи го Жак Рог.

Бах истакна дека е загрижен поради злоупотребата на спортот во политички цели и дека токму поради тоа стравува од можни бојкоти на Олимписките игри во иднина. На крајот Бах рече дека организацијата на Игрите во Токио следната година ќе бидат огромен предизвик за сите, но верува дека со помош на сите искрени пријатели на олимпиското движење се ќе мине без поголеми проблеми.

На денешното собрание за нови членови на Интернационалниот олимписки комитет беа избрани Себастијан Коу и поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, а Џон Коутс од Австралија и Нг Сер Мианг од Сингапур се новите потпретседатели на олимпиското движење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ундав е херојот на Германија, Јапонија го декласираше Тунис, а Курасао освои историски бод (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе