Вести Македонија Најважни

На тротинет со најмалку 18 години, максималната брзина ограничена на 20 км./ч. – усвони измените на законот за безбедност во сообраќајот

Собранието, во рамки на 106-та седница, ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка, кои се однесуваат на регулирање на учеството на електричните тротинети во сообраќајот.

Со законот се редефинира точка 57 „лесно електрично возило“ од поимите што се употребуваат во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, имајќи ги предвид компаративните искуства на повеќе земји во регионот, како и појавата на нови возила на пазарот, во која категорија спаѓаат и електричните тротинети.

Суштински се интервенира во однос на дозволената брзина со која се движат лесните електрични возила, односно се предвидува максимална брзина од 20 км./ч., во согласност со препораките на Европската Унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип возила.

За да се намали бројот на сторени прекршоци со електрични тротинети, се предвидува и заострување на условите под кои тие може да се управуваат, се зголемува старосната граница, односно ќе може да ги управуваат лица со најмалку 18 години возраст.

Се заострува и казнената политика за сторителите на прекршоците предвидени во законот, а во конкретни случаи покрај изречената глоба се предвидува и одземање на возилото ако се работи за малолетен возач, пречекорување на дозволена брзина, превезување друго лице, возење под дејство на алкохол. Во законот се извршени и соодветни интервенции во прекршочните одредби во согласност со наведените измени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Превозниците од Западен Балкан ѝ поставија рок на ЕК за проблемот со возачи

Дејан Дејан

Јакимовски не оди во затвор на 2 јули

Дејан Дејан

Мај донесе пад за индустријата, производството намалено за 2 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе