Вести Македонија Најважни

Професорка од универзитетот во Штип е уапсена за примање мито од 300 евра од студент

Лишена од слобода професорка на универзитетот во Штип поради примање поткуп, побарала и примила пари од студент за да положи испит.
„На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“.
Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го полагал на 29.06.2026.
Преземени се мерки во координација со Основното јавно обвинителство Штип и на К.Б. му биле предадени крим технички обработени три банкноти од по 100 евра.
Полициски службеници ја лишиле од слобода Т.А. веднаш откако ги примила парите. Таа е задржана во полициска станица, парите се одземени и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На тротинет со најмалку 18 години, максималната брзина ограничена на 20 км./ч. – усвони измените на законот за безбедност во сообраќајот

Sasko Dimovski

Превозниците од Западен Балкан ѝ поставија рок на ЕК за проблемот со возачи

Дејан Дејан

Јакимовски не оди во затвор на 2 јули

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе