Вести Македонија Најважни

ВРЕДИ се пофали дека ги добива Правда од ЗНАМ и Kултура од ВМРО-ДПМНЕ, а го дава здравство- Димитриевски вели остануваме на две министерства

Министерството за правда оди во рацете на Вреди, ова го соопшти вицепремиерот Беким Сали кога пред новинарите и партискиот собир ги наведе сите ресори кои биле договорени за да ги пополнат министри од албанскиот коалиционен партнер. Од друга страна, ќе има ново решение во Министерството за здравство.

-Во пакетот за учество во владата договорени се министерствата за животна средина, економија, правда, култура, за евроинтеграции и за односи меѓу заедниците. Се уште нема финално име за правда и култура. но тоа ќе бидат две нови имиња. Актуелните министри мислам дека добро перформираат во Владата, задоволни сме како Вреди и ќе продолжат понатаму. Здравство не е дел од пакетот, не од нашиот, изјави Беким Сали, генерален секретар на ВРЕДИ и актуелен вицепремиер и министер за европски прашања.

Во Куманово, на партиски настан на ЗНАМ која го држи ресорот Правда- го немаше актуелниот министер Игор Филков. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски вели дека бил оправдано отсутен, дека неговата партија ќе има две министерски позиции како досега, ама се ќе се знае во вторник.

-Отсуството на г-динот Филков денеска е оправдано. Тој беше пристен вчера на трибината во Скопје и веќе на следната повторно ќе биде. Бидејќи имаме поголем број на лица во извршната власт кои треба да земат учество на партиските трибини. Што се однесува до составување на владата, мандатарот ја има најголемата одговорност, а ние како владини партнери ќе ги усогласиме нашите предлози и ставови со тоа што е претходниот политички договор. ЗНАМ ќе задржи две министерства и после овие преговори ќе излезе уште појак и во делот на јавноста и ќе преземе уште поголема одговорност во делот на менаџирање на процесите во државата., изјави Максим Димитреивски, претседател на ЗНАМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска без официјално изјаснување за преговорите за реконструкција. Но, според изјавата на Сали, покрај здравство, остануваат празни местата за социјална политика, млади и демографија и вицепремиерското за добро владеење. Министерството за земјодлество останува како понуда за ЗНАМ од најголемата партија во владеачката коалиција бидејќи всушност во владата ВРЕДИ го добива Правда од Знам, а не од ВМРО-ДПМНЕ. Вреди добива позиција во Министерството за односи меѓу заедниците на местото на Иван Стоилковиќ од српската партија во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Директна замена Вреди со ВМРО-ДПМНЕ засега има само во култура од каде заминува Зоран Љутков.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

Дејан Дејан

Соколовска: неопходен е ентомолошки надзор за справување со комарците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе