Многу понуди се на маса, ќе изброиме до три, а потоа ќе пресечеме и конечниот епилог ќе го имаме во вторник, вели претседатлеот на ЗНАМ Макдим Димитриевска за владината реконструкција.
Дали ќе има замена кадри и дали може да остане без една министерска функција Димитриевски вели кога разговарате во политиката, сите опции се на маса. Сепак за тоа дали добиле понуда правда да ја ротираат за земјодлство вели таков предлог нема.
- Имате многу предлози, многу размислувања – индивидуални и партиски. Но, велам, ајде да почекаме да се случи конечниот договор, бидејќи ние како владини партнери – а тоа го слушам дека и ВЛЕН исто така, како третиот партнер во власта – сè уште немаме постигнато конечен договор. И едно можам со сигурност да потврдам – дека по оваа владина реконструкција, ЗНАМ ќе биде посилен и кадровски и со потенцијал и во дел на располагање на директна имплементација на власта во ресорни министерства и пониски ешалони на власта – Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ.
Димитриевски посочи дека се задоволни од работата на двајцата министри од редовите на ЗНАМ и на сите нивни претставници во пониските ешалони на власта. Изјавата ја даде во присуство на двајцата министри Филков и Минчев за кои вели дека дека се негови пријатели додека сдсм втор ден тврди дека постои внатрешна битка
- СДСМ: ЗНАМ повеќе не постои како здружение. Oстанати се само двајца – Горан Минчев и Максим Димитриевски, кои сега водат отворена битка за фотелји, бизниси и влијание.
- Инаку и со господинот Минчев и со господинот Филков и со сите луѓе со коишто заедно ја создадовме ЗНАМ, првенствено сме другари, лични пријатели и обединети околу една заедничка кауза, а тоа е Движењето ЗНАМ за наша Македонија, коешто е формирано од граѓаните и за граѓаните – Димитриевски.
Изминатиот период се шпекулираше дека еден од ресорите што знам ги бара во замена за правда е мвр. Министершот Тошковски на прашањето дали е сигурен во ресорот или може да биде реконструиран, да ротира во правда, вели…
- Мислам дека има уште многу, многу, многу, многу работа која треба да се сработи во ова Министерство и мислам дека навистина треба максимално да се вложиме, тие што сме посветени овие години во Министерството, да ги унапредиме и подобриме процесите во рамки на МВР, ни одговори Тошковски, на настанот во Идризово каде го претстави отлетот за двегодишното водење на МВР – Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.
И другите министри чии имиња неофицијално се споменуваа дека бидат ркеонструирани за упратуваат на преговорите кои за сега се без исход.
Елена Ивановска Мукоска
