Стабилна е состојбата на пациентот кој во моментов е хоспитализиран на Инфективната клиника кај кого лабораториски е потврдена денга треска. Тој е под постојан медицински надзор. Станува збор за 42-годишен маж кој првите симптоми ги добил пред да допатува во земјава. Во оној момент кога станува суспектен направена е детална анамнеза, физикален преглед и клиничка дијагноза за можни тропски заболувања, вели д-р. Цана.
- Пациентот е инаку од Бангладеш, работник во една од градежните компании во нашата земја. Кај него симптомите почнале една недела пред да дојде во Македонија, со треска, температура и кога дошол во земјава појавил повторно симптоми, се консултирал со матичниот лекар на компанијата кој при анализи на крвта видел дека има некои отстапувања и веднаш го упатил на клиниката – д-р Фадил Цана, директор на Универзитетска клиника за инфективни болести.
Граѓаните треба да бидат спокојни, вели д-р Фадил Цана затоа што не постои ризик за ширење на болеста, бидејќи се пренесува исклучиво преку убод на тигрест комарц во топла и тропска клима.
- Македонија како што знаеме не е ендемска зона на тропски болести, но сите лица кои патуваат од тие тропски или суптропски области, шансите да „увезат“ некои од овие егзотични заболувања се доста големи, рече Цана.
- Кои се првите симптоми кога станува збор за Денга вирус?
- Па општи симптоми треска, температура, болки по телото, општа малаксаност и карактеристично е што ова спаѓа во таа група на заболувања кадешто имаме и крварење, рече Цана.
Денга вирусната инфекција кај 42-годишниот маж беше потврдена и во Институтот за јавно здравје.
Нина Стефанова
Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш
