Вести Македонија Топ вести

„Здрава котлина“: Одлуката за спојување на концесиите за рудниците е донесена на незаконски начин

Граѓанските активисти од „Здрава котлина“ сметаат дека одлуката за спојување на концесиите треба неповратно да се укине бидејќи е донесена на незаконски начин. Активистот Стојан Велков Трн смета дека надлежните институции покажуваат двојни аршини, бидејќи, како што тврди, на компанијата ѝ се дозволува да продолжи со постапките иако не ги исполнува обврските предвидени во концесискиот договор.

Тој смета дека,  како во случајот со рудникот Казандол, треба да се остави меѓунаордните судови да одлучуваат, а тие се уверени дека концесионерите немаа аргументи пред нив.

  • „Зошто и се прогледува низ прсти на една сериозна фирма, демек сериозна, која сака да вложува средства овде, а не ги исполнува условите од концесискиот договор? Прво и основно е дека оваа одлука е донесена на криминален начин. Зошто не се поднесе постапка како што беше за Казандол? Зошто сега вишиот управен суд кој ретерира по не знам кој пат, зошто сега не оди на Меѓународен суд.  Затоа што примерот со Казандол им покажа дека нема лесно да поминат таму. Тие знаат дека има правни основи  поради кои ќе паднат на меѓународен суд“, вели Велков.

Од Здрава котлина нагласуваат дека приоритет на државата треба да биде заштитата на граѓаните и почитувањето на правниот поредок, а дури потоа да се разгледуваат економските аспекти на проектот.

Тој предупредува и на можните последици врз животната средина доколку рудникот започне со работа.

  • „Прво треба да го заштитат населението и нашиот правен систем, а потоа е колку ќе бидат последиците и загадувањето од тој рудник. И голема лудост дека ова што се направи ја зоврива крв кај народот и луѓето овде се решени треба да им е јасно на сите. Не знаат што отворија ја отворија пандорината кутија. Сите во Струмица се решени и сега ќе има бунт во Струмица“. Додава Велков.

Последните случувања предизвикаа силно незадоволство меѓу жителите на Струмица, кои според активистите се подготвени на граѓански отпор.

Велков оценува дека со донесената одлука е создадена дополнителна тензија и предупредува дека во градот може да следуваат протести и ескалација на револтот.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред Македонија

Дејан Дејан

За Иран американскиот напад е дивјачко кршење на повелбата на ОН

Дејан Дејан

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе