Уште една ноќ помината под шатори, неизвесноста и стравот се мешаат со радоста дека го преживеале страотниот земјотрес, но неиздржлива е болката од смртта на нивните најблиски. Омар Гуариато го славеше 5-тиот роденден на својата внука дома кога започнаа потресите, повеќе не ја виде својата ќерка.
- „Немаше време за ништо, и иако се обидовме да си заминеме… мојата куќа не се урна, но потоа кога ќерка ми излезе да го бара своето дете, куќата веднаш до неа, која е висока три ката, се урна и падна врз неа. Ја покри, таа беше заробена“ – Омар Гуаријато, раселено лице.
Иако истекоа последните 72 часа, потрагата по преживеани не запира. Луѓето со голи бараат исчезнати под урнатините, додека број на човечки жртви од катастрофата во Венецуела се искачи на најмалку 920 мртви, над 3.300 повредени и повеќе од 51.000 исчезнати. Недостатокот на помош го зголеми очајот на семејствата, бидејќи е неиздржлив притисокот да се најдат закопани преживеани со секој изминат час.
Додека Венецуелците ги бараат своите најблиски, се забрза и широката меѓународна помош. Меѓу првите спасувачки екипи пристигна онаа од Мексико. Член на спасувачкиот тим Топос, вели сите сме луѓе, правиме се за да ги спасиме настраданите. Со нив го носат и белгискиот овчар, оперативно куче со пет години искуство.
- Слушаме дека даваме сè за народот на Венецуела, за народот затоа што во реалноста сите сме едно, ние сме човештво и не можеме да го видиме страдањето на другите и да не правиме ништо. Тоа е дел од она што нè карактеризира како „Топос“ – Член на спасувачкиот тим Топос.
- Ова е седумгодишен белгиски овчар. Таа е оперативно куче веќе пет години, веќе во потрага. За време на нејзината работа, која вклучува барање живи луѓе, таа го лоцира нивниот мирис, дури и го слуша како чука срцето на лицето и го користи тоа за да го пронајде – Мигел Анхел Гарсија, Член на спасувачкиот тим Топос.
Од ОН информираат дека со пристигнувањето на тимови од Русија, Украина, Америка, Европа и Блискиот Исток, „политиката во овој момент паѓа“, моментално се распоредени 39 спасувачки екипи, кои имаат 111 кучиња спасувачи.
Венецуелските власти објавија дека ќе го блокираат пристапот до Ла Гваира, епицентарот на замјотресот, бидејќи хаосот и сообраќајот почнаа да влијаат на напорите за пребарување.
Владините претставници изјавија дека оние што сакаат да влезат сега ќе мора да бараат официјални дозволи. Меѓу настраданите има и голем број странски државјани, загинале 28 португалски државјани, седум кинески , а шпанските медиуми објавија дека пет нивни државјани настрадале во земјотресот, додека 119 се водат како исчезнати. И Бразил и Италија јавуваат за настрадани нивни државјани.
Билјана Ставрова
