Последниот сеизмички настан во Венецуела – 24 јуни 2026 (време 22:04 и 22:05) е особено интересен од научен аспект бидејќи всушност се состоеше од два последователни силни земјотреса, кои во сеизмологијата се познати под името земјотреси близнаци (анг. twin earthquakes), кои имаат идентична бранова форма и потекнуваат од исто жариште, велат од опсерваторијата при Природно-научниот факултет.
Првиот земјотрес имал магнитуда M 7.2, а само 38 секунди подоцна следел уште посилен земјотрес со магнитуда M 7.5. Поради толку краткиот временски интервал, за населението двата настани најверојатно биле почувствувани како еден долг и исклучително силен земјотрес.
Според досегашните сеизмолошки анализи, двата земјотреса започнале во близина на истиот регион, но најверојатно се поврзани со активирање на два соседни сегмента од сложен раседен систем. Земјотресното распукување започнало на северниот дел од раседот Боконо (Boconó Fault), а потоа се проширило кон исток долж раседот Сан Себастијан (San Sebastián Fault), кој најголем дел се протега под морското дно, паралелно со брегот.
Научните анализи покажуваат дека раседната површина што се активирала достигнала должина од околу 160–180 km, што е типично за земјотреси со магнитуда поголема од 7.
Наместо да се ослободи енергијата во една точка, раседот постепено се „отворал“. Овој процес траел околу една минута, при што биле ослободени огромни количини на сеизмичка енергија.
Од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ истакнуваат дека досега со користење на повеќе независни методи – анализа на последователните земјотреси (последователни земјотреси), сателитски радарски снимки (InSAR), современи сеизмолошки техники за следење на ширењето на раседот (back-projection) и макросеизмички податоци од населението – дошле до ист заклучок: распукувањето на раседот се ширело претежно кон исток, што објаснува зошто најсилното тресење било регистрирано во насока кон густо населените крајбрежни области.
Во анализата пишува дека овој пример покажува дека големите земјотреси не секогаш се ограничени на еден единствен расед.
Во одредени случаи, како овој, ослободената енергија може да предизвика каскадно активирање на повеќе меѓусебно поврзани раседи, при што земјотресот станува подолготраен и зафаќа многу поголема област. Токму затоа деталното познавање на активните раседи, тука ја вклучувам и нашата Држава е од исклучително значење при процената на сеизмичката опасност и планирањето на мерките за намалување на ризикот.
Иако Република Македонија не се наоѓа во ист тектонски појас како Филипините, нашата држава е дел од Балканскиот сеизмички регион и има долга историја на силни земјотреси.
Земјотресите не можат да се предвидат, но нивните последици можат значително да се намалат преку добра подготвеност, почитување на сеизмичките стандарди при градба и правилно однесување на населението.
Препораки за граѓаните на Република Македонија
