Соединетите Американски Држави размислуваат за намалување на воената присутност во Персискиот Залив и преместување на дел од воените бази, откако сателитските снимки открија дека иранските напади предизвикале поголема штета на поморската база во Бахреин отколку што Вашингтон јавно призна, објави „Волстрит џурнал“.
Според весникот, САД ја разгледуваат опцијата за преместување на воените бази од Персискиот Залив, а како една од можните локации се спомнува Израел.
Двајца неименувани американски претставници потврдија дека Израел е една од локациите каде би биле преместени дел од базите. Целта на преместување на базите и операциите е тие да бидат вон дострелот на иранските проектили и дронови.
