Министерот за здравство Азир Алиу по најавите дека може да биде опфатен со владината реконструкција вели дека се работи за политичка функција и институциите ќе одлучат кој ќе биде на чело на овој ресор.
„Не се работи за лично прашање, јас не аплицирав за оваа позиција, туку сум политички поставен – вели тој. Алуи беше 9 месеци министер за здравство и очекува наследникот на оваа позиција да продолжи со започнатите проекти.
„Секој ден кога доаѓам на работа, јас сум свесен дека може да ми биде последен ден – од политичка гледна точка како министер. затоа секој ден ми е со ангажмани за да можам да решавам проблеми“, рече министерот Алиу.
Алиу вели дека не ја започнал кариерата ниту очекува да ја заврши со политичка функција – тоа вели не е здраво.
„Не верувам дека ќе ја завршам својата кариера на политичка функција затоа што тоа не е здраво- прво за мене, а потоа за политичкиот инфраструктура во земјата државата, да имате човек кој со години е на политичка функција тоа не е ни европски ни светски“, рече Алиу.
Алиу се споменува дека ќе биде сменет од функцијата министер за здравство и ќе биде назначен на чело на Министерството за односи меѓу заедниците.
