Вести Македонија

Еден активен, еден под контрола, седум изгаснати – денеска се регистрирани девет пожари

На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, еден пожар е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активен пожар има во Штип каде што гори депонија, а под контрола е ставен пожар во општините Свети Николе и Лозово, кај село Делисинци и кај село Сарамзалино каде што гори ниска вегетација.

Изгаснати се пожари во Општина Куманово – улица „Ѓуро Пуцар“ број 38 (ниска вегетација), Општина Чашка – село Чашка (ниска вегетација), Општина Демир Хисар – село Обедник (ниска вегетација), Општина Гази Баба – село Јурумлери (сува трева, грмушки и кабаст отпад), Општина Липково – село Липково (сува трева), Општина Липково – село Матејче (сува трева) и Општина Куманово – населба Перо Чичо (бандери и дрвја).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втора победа на Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон, ја дели уште една до главниот турнир

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе