Вести Македонија

Трипуновски: Македонија забрзува – од долгогодишен застој денес имаме конкретни резултати во земјоделството

Во отчетот за двегодишното работење,  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Кога тој го презел раководењето со Министерството, резултатите се видливи.

„Имаме зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, суфицит од 215 милиони евра истата година. Согласно податоците на ДЗС бележиме раст и во производството. Позитивен раст од 3,3% во прв квартал 2026 година. Исплатени и зголемени субвенции, рече министерот.

Тој рече дека биле реновирани и отворени нови подрачни единици во повеќе места. Биле реновирани шумски полициски станици, Доделена е и финансиска помош во износ од 75.000.000 денари на научно – образовните институции за набавка на опрема за лабораториски анализи.

Тој даде отчет и за исплатените субвенции и за откупни цени.

„Само во првите 5 месеци од 2024 година исплатени се околу 4 милијарди денари кон оние кои што ги чекаа средствата од програмите на Министерството. Вкупно од преземањето на власта до денеска исплатени се над 15 милијарди денари субвенции кон македонските земјоделци.

Имаме исто така зголемување на субвенциите во сточарството за 50%.

Во делот на зголемени откупни цени, неминовно е прво да се спомене откупот на тутунот и откупните цени, веќе во 2024 година од 375 денари заедно со компаниите во сериозни разговори се покрена цената на 400 денари за прва класа.

Исто така мора да се напомене во делот на откупот на винското грозје иако наследивме Министерство кое што немаше донесено Методологија по која што се пресметува производна цената цена, веќе истата година, во 2024 ја донесовме ние и се пресмета производната цена зголемена за 25% кон македонските лозари, кои што добија една до сега највисока цена“, рече Трипуновски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

„Здрава котлина“: Одлуката за рудникот Иловица е шок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе