Од септември во штипското ОУ „Гоце Делчев“ нема да се запишуваат нови првачиња и шестоодделенци, како дел од постепен процес на затворање поради намален број ученици. Ова е дел од поширок демографски пад во земјата, со иселување на младите и низок наталитет. Последиците веќе се гледаат низ празни училишта и намалување на населението во повеќе општини.
Има помалку бракови, се раѓаат помалку деца. Негативен природен прираст е забележан во дури 66 општини, а најголем минус има во Скопје и Битола, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Може ли Македонија да ја запре демографската криза?
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
