Спорт Фудбал

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Шпанија славеше убедлива победа од 4-0 против Саудиска Арабија во рамки на второто коло од групата Х на Светското фудбалско првенство.

По киксот и ремито без голови против Зеленортски Острови во првото коло, европскиот шампион денеска доминираше во Атланта и го реши победникот уште во првото полувреме.

Резултатот го отвори Ламин Јамал во 10-тата минута по асистенција на Микел Ојарзабал. Токму напаѓачот на Реал Сосиедад потоа постигна два гола во период од само три минути, од 21-та до 24-тата, за убедливи 3-0.

Конечниот резултат беше поставен на стартот од второто полувреме, кога дефанзивецот на Саудиска Арабија, Хасан Тамбакти, си постигна автогол во 49-тата минута.

Головите можете да ги погледнете ТУКА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер се засили со српскиот бек Алекса Колаковиќ

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе