Вести Македонија

Во Тетово некои улици осветлени и дење, други со денови во темнина

Додека во делови од Тетово уличните светилки се вклучени и среде ден, трошејќи електрична енергија без реална потреба, во некои градски маала, граѓаните со денови се во темнина поради прегорени сијалици.

Од современи светилки со сензори до дотраени сијалици поставени на бандери, сликата за јавното осветлување во градот е нерамномерна и исполнета со различни предизвици.

Во населбата позната како Тетовчанка, велат дека цела измината недела навечер е темно во нивните улици. Иако пријавиле и по телефон и на апликацијата за пријавување комунални проблеми, нема одговор, па улиците се во темница.

Пред една недела снема улично осветлување. Пријавив во општина, меѓутоа нема одговор. Еве сега и пред вас ќе пријавам. Сега се надевам ќе дојдат и ќе го поправат уличното осветлување, вели жител на Тетово.

Непотребно вклучените светилки преку ден е појава што е забележана уште пред неколку месеци, за што на редовните брифинзи градоначалникот на Тетово беше запознаен со ситуацијата.

Обврска е на операроторот да ги отстрани тие проблеми, вели тој без даде информација дали се повикани на одговорност.

Дел од уличното осветлување и преку ден работи. 4 саат ќе дојде и се палат сијалиците.  Некогаш кога ќе дојде облачно дури и од пладне. Рековте ќе интервенирате, ама гледам се уште не е, значи трошиме струја преку ден.

И во тој дел ние направивме да кажам ревизија на тој дел од договорот, се подготува соодветна регулатива во делот на тоа како согласно договорот, како би требало да интервенира компанијата која, нели приватниот оператор кој менаџира со јавното осветлување. Апликацијата ТЕ-клик, веќе ни дава можност да се следи имлементацијата на договорот каде што кога ќе се идентификуваат вакви ситуации согласно договорот во рок од 48 часа операторот треба да интервенира.

Од 2023 година приватна фирма почна да менаџира со уличното осветлување со обрвска да замени над 8 илјади сијалици со нови смарт ЛЕД светилки.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Идентификуван и пронајден е 19 годишникот кој прегази 3 годишно девојче во Визбегово и избега

Дејан Дејан

ТЕЛМА СТОРИЈА: Битка за Куклица – Кој ја контролира „веселата свадба“

Дејан Дејан

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, училиштето постепено ќе се затвора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе