На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ утринава е регистрирана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути, информираат од АМСМ.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, додека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
