Откажана е церемонијата за потпишување на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран, што беше закажана за утре во Женева, бидејќи документот е веќе потпишан на далечина, изјави пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар за „Би-Би-Си“.
Тој претходно најави дека и премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф ја откажал патувањето во Женева, додавајќи дека „наредната фаза ќе биде спроведена низ одвоени технички процеси за повеќе прашања во рамки на сеопфатната рамка“.
Вашингтон и Техеран претходно потврдија дека американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан потпишале Меморандум за разбирање меѓу САД и Иран за завршување на војната во регионот на Блискиот исток.
