Американското министерство за одрбана е отворено за понудата на Полска за Вашингтон да отвори трајна воена база во нашата земја, изјави полскиот министер за одбрана Владислав Косиниак Камиш по состанокот во Брисел со неговиот колега од САД, Пит Хегсет.
Полска заговара поголемо американсско присуство во источното крило на НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари во 2022 година.
„Соединетите Американски Држави позитивно одговорија на предлогот на Полска за подигнување на трајна американска база во Полска“, изјави Камиш пред новинарите и додаде дека засега сè уште не е донесена никаква одлука.
САД имаат свои војници на полска територија и засега редовно ги ротираат. Хегсет во четвртокот најави ревизија на разместувањето на американски трупи во Европа и се закани со запирање на извршувањето на некои обврски на САД кон НАТО, доколку сојузниците „кои се шлепаат“ не ги исполнат своите обврски во делот на потрошувачка за одбрана.
