Спорт Фудбал

ФИФА го расчисти случајот со ВАР-судијата обвинет за спорна гестикулација

ФИФА го расчисти случајот со австралискиот ВАР-судија Шон Еванс, кој беше обвинет дека направил гест што се поврзува со расистички и екстремно десничарски групи за време на преносот од натпреварот меѓу Германија и Курасао на Светското фудбалско првенство.

Спорниот момент се случи пред почетокот на натпреварот, кога телевизискиот пренос ја прикажа ВАР-собата. Еванс со десната рака направи знак налик на превртен „ОК“ гест, што предизвика реакции на социјалните мрежи и критики од организацијата ФАРЕ, која работи како антидискриминациски партнер на ФИФА.

Сепак, дисциплинската комисија на ФИФА не утврди прекршување на правилата и го прифати објаснувањето на австралискиот судија. Еванс изјави дека гестот бил ненамерен и го опиша како потсвесен тик, кој го повторувал додека држел пенкало.

Тој додаде дека жали што движењето било протолкувано на таков начин, но категорично негираше дека имал намера да испрати каква било политичка или идеолошка порака.

Еванс ќе може да продолжи со своите обврски на Светското првенство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инфантино влезе во соблекувалната на Иран и им даде поддршка на фудбалерите

Sportska Redakcija

Тунис експресно го смени селекторот: Ерве Ренар доаѓа по дебаклот од Шведска

Sportska Redakcija

Македонските клубови ги чекаат ривалите во Европа: Вардар во Лигата на шампиони, Силекс и Шкендија во Конференциската лига

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе