Спорт Фудбал

Тунис експресно го смени селекторот: Ерве Ренар доаѓа по дебаклот од Шведска

Тунис е првата репрезентација што направи селекторска смена на Светското фудбалско првенство 2026 година. Фудбалската федерација на Тунис го разреши Сабри Ламуши по убедливиот пораз од Шведска со 5-1 во првото коло од групата Ф, а за негов наследник го назначи искусниот француски стратег Ерве Ренар.

Ренар ќе ја води селекцијата до крајот на настапот на Мундијалот, а по завршувањето на турнирот ќе се разговара за евентуална долгорочна соработка. Тој се очекува да се приклучи на репрезентацијата во Монтереј, каде Тунис ја продолжува својата мисија на Светското првенство.

Французинот има богато искуство со африкански репрезентации и важи за еден од најуспешните селектори на континентот. Тој двапати го освојуваше Африканскиот куп на нации, со Замбија во 2012 година и со Брегот на Слоновата Коска во 2015 година. На Светското првенство во 2022 година ја водеше Саудиска Арабија до сензационална победа против идниот светски шампион Аргентина.

Тунис, по катастрофалниот старт против Шведска, ќе се обиде да ги задржи шансите за пласман во нокаут-фазата на следните два натпревари против Јапонија и Холандија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инфантино влезе во соблекувалната на Иран и им даде поддршка на фудбалерите

Sportska Redakcija

ФИФА го расчисти случајот со ВАР-судијата обвинет за спорна гестикулација

Sportska Redakcija

Македонските клубови ги чекаат ривалите во Европа: Вардар во Лигата на шампиони, Силекс и Шкендија во Конференциската лига

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе