Вести Македонија Топ вести

Mоторциклисти возат без шлемови, а често и под дејство на алкохол

Акциска контрола на подрачје на СВР Битола, санкционирани 80 моторциклисти и 10 возачи на електрични тротинети.
– На 13.06.2026 во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети. Притоа, биле констатирани вкупно 80 прекршоци кои ги прават моторциклистите, од кои 44 за неносење на заштитна кацига-шлем, пет прекршоци за управување под дејство на алкохол, седум мерки за измината важност на сообраќајна дозвола, две мерки за измината важност на осигурителна полиса и 22 мерки за останати прекршоци. Додека, 10 мерки се преземени за возачите на електрични тротинети.
Од МВ со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Референдум во Швајцарија – фиксна граница на населението

Дејан Дејан

Уставен пушти во употреба новата комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“

Дејан Дејан

Петрушевски: Филипче ја води СДСМ кон исчезнување и и штети на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе