Седум лица, меѓу кои четири малолетници, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат меѓу селата Љуботен и Радишани.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи и две сопатнички, додека со телесни повреди се здобиле четири малолетници на возраст од 12 до 15 години“, соопштија од МВР.
Повредените се пренесени во скопските болници, а за случајот е известен јавен обвинител.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
